Електричниот модел на Chevrolet кој користи и бензинец за дополнување на батериите победи во изборот за најеколошки автомобил, одржан во рамките на салонот во Лос Анџелес.
Новата генерација на Chevrolet Volt победи во изборот за „Зелен автомобил за 2016 година“ на стручниот магазин Green Car Journal. Ова моделско име се појави за првпат во 2011 година и во меѓувреме ја доживеа втората генерација, комплетно обновен и подобрен во сите подрачја. Конкуренти на Volt на изборот беа Audi A3 e-tron, Honda Civic, Hyundai Sonata и Toyota Prius.
За изборот на американскиот магазин најмногу придонесоа дизајнот, батериите со повисок капацитет, новиот електромотор и подобреното забрзување на електричниот Chevrolet. Подобрена е и ефикасноста на 1,5-литарскиот бензинец, кој работи како генератор и со горивото во резервоарот, во комбинација со енергијата во батериите, може да измине најмногу 675 километри без запирање за полнење на батериите или долевање гориво. Чисто со погон на батерии, Volt сега може да измине и до 85 километри.
Зелената боја е новото злато: Еко-изборот се одржува 2005 година
Секоја година се зголемува бројот на кандидати за престижната титула „Зелен автомобил на годината“. Тоа е знак дека производителите посветуваат поголемо внимание во развојот на модели што се поштедливи и помалку ја оптоваруваат животната средина. Магазинот Green Car Journal ја доделува титулата од 2005 година, во рамките на салонот во Лос Анџелес.
















