Chevrolet излезе со копија на Kia Soul на салонот во Њу Делхи

Признанијата за одличен дизајн некогаш доаѓаат и од конкурентите. Chevrolet Adra од салонот во Индија не е ништо друго туку копија на кросоверот на Kia. Во секој случај, добра копија!

Меѓу тринаесетте модели на штандот на Chevrolet на салонот во Њу Делхи се најде еден стар и добар познајник. Концепот Adra неодоливо потсеќа на кросоверот Kia Soul. Рамниот покрив, вертикалните страници и острото искачување на долниот раб на прозорците се препознатливи белези на легендарниот дизајн на Петер Шрејер, креаторската ѕвезда на моделите на Kia.

Според соопштението за печат, концептот на спортски теренец е целосно развиен од дизајнерите во техничкиот центар на General Motors во Бангалор и премиерно се појавува на индискиот авто салон. Тоа не е алиби. Во секој случај ова е уште едно признание за дизајнот на Kia.

Концернот General Motors реши од крајот на следната година Chevrolet да се повлече од европскиот пазар, за да се остави повеќе слободен простор за марката Opel и да се спречи канибализација меѓу моделите на обете марки.

Претходна објаваLexus NX го има вистинскиот изглед
Следна објаваЗбогум за дупнатите гуми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here