Кинеска Омода ја престигна Тесла во продажбата во Шпанија

Омода во својата понуда од модели на шпанскиот пазар го има и СУВ-моделот Омода 5 што чини 28.000 евра и користи класичен погон.

Омода, марка на Чери, во минатиот месец продаде во Шпанија повеќе возила од Тесла. Тоа е ветувачки знак за планот на кинескиот производител да се пробие на европскиот пазар.

Во јули, Омода испорача 744 нови автомобили на шпанскиот пазар, што е драстичен скок во споредба со деветте автомобили што марката ги продаде во истиот месец лани.

Во понудата од модели спаѓа и Омода 5, со цена од 28.000 евра, за СУВ-модел со класичен погон со бензински мотор. Постои близнак со чисто електричен погон.

Скокот во продажбата на Омода во Шпанија се случи по официјалното лансирање на марката во почетокот на годинава. Чери, БИД и Џили се меѓу кинеските производители на автомобили, што појдоа во освојување на европскиот пазар, откако ценовната војна на домашниот пазар ги доведе до работ на профитабилноста таму.

Возилата од Кина доаѓаат во време кога ЕУ најави дека ќе воведе значително зголемени царини за електричните автомобили што се увезуваат од Кина. Тоа ќе има дополнително влијание врз забавувањето на продажбата на ЕВ во Европа.

Чери ја користи Шпанија како основа за ширење во регионот. До завршетокот на годинава, компанијата треба да отпочне со локална монтажа на СУВ-модели од марката Омода, во поранешната фабрика на Нисан во Барцелона. Со монтажата на возила од полуготови модули (ЦКД) што доаѓаат од Кина, ќе бидат избегнати високите царини на ЕУ.

Производителот бара локации за втора фабрика во Европа.

Тесла од своите електрични автомобили продаде само 549 возила во Шпанија во минатиот месец. Најпродаван модел во земјата годинава е Дачиа Сандеро, по неа следат Тојота Корола и Сеат Ибица.

Чери е крајно скромно застапен на македонскиот пазар, за разлика од Донгфенг, што е присутен со повеќе марки, вклучувајќи ја и новата марка Еолус, со моделот Шајн што привлече посебно внимание на сцената летово. Во меѓувреме, увозникот АБЦ Брадер почнува со продажба на наследничката на ДФСК Глори 580, со ознака Глори 600.

Видеото од тестот на Донгфенг Еолус Шајн

Претходна објаваВолво Икс Ц 90 си го почитува бензинскиот погон
Следна објаваПоранешниот шеф на Фолксваген демантира криминална вмешаност во дизел скандалот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here