за

Changan CS 75: Единствениот Кинез во Франкфурт

Со години чекаме Кинезите да го преплават европскиот авто пазар. Но, на салонот во Франкфурт се гледа поинаква слика. Исто како и во 2011, Changan е единствен авто производител од Кина и на голема врата го претставува спортскиот теренец CS 75 – кој изгледа како стар познајник.

Според податоците од организаторот на салонот, бројот на кинески изложувачи во Франкфурт е зголемен за десетпати. Со 129 штандови, Кинезите и фактички се најсилни. Тоа сепак важи само за добавувачите. Кај производителите на автомобили е поинаку. Само една автомобилска марка од Кина има поставено штанд во градот на Мајна. Changan произведува автомобили веќе 28 години и досега има продадено десет милиони возила од марката. Производството се одвива во шест фабрики, гамата опфаќа 15 модели.

changan 2

Changan најавува дека наскоро ќе го преплави светот со неговите автомобили. Во САД, Англија, Јапонија и Кина работат под полна пареа центри за развој на нови модели и се очекува дека моделите на кинеската марка ќе доминираат во уличната слика во Украина, Алжир, Ирак, Чиле, Перу и Колумбија.

Светска премиера во Франкфурт има спортскиот теренец CS 75, дизајниран во студиото на Андреас Тападинас во Торино. Како и вообичаено, во дизајнот се препознаваат повеќе постоечки модели, меѓу нив BMW X5 во опашот на возилото и Range Rover Evoque во предниот дел.

Уште во 2011 година, Changan најавуваше дека претстои глобална експанзија на марката. Моделите Eado и Reaton се развиени за европскиот пазар и при соодветна политика на цени може да се очекува дека овие модели ќе ги најдат своите купувачи. Но, експертите засега не гледаат знаци за посериозен пазарен настап на кинеската марка во Европа. Возилата заостануваат далеку зад европските норми и зад евентуалната конкуренција. Но, тоа не му пречи на Changan. Има многу пазари на светот каде што неговата марка ќе мине без проблеми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Германските марки се најдобар избор на користено возило

Volvo Concept Coupe: Емотивен дизајн за новите модели на Швеѓаните