Користените автомобили нема да поевтинат, вели статистиката на мобиле.де

Просечната цена на понуда на патнички автоимобил од втора рака, на берзата за премиум користени автомобили мобиле.де, што тука честопати се зема наивно како репер, во октомври останала на исто ниво како еден месец претходно.

Со просечна цена зголемена за шест (6) евра, во октомври прекинала низата на постепено поевтинување на користени автомобили на берзата мобиле.де, што почна во мај годинава.

Според статистиката на мобиле.де, просечната цена на понуда на автомобил на берзата во октомври изнесувала 33.349 евра. Не се променила и просечната цена за автомобил од средната класа, којашто изнесува 32.543 евра. Најголема можност за заштеда имало кај моделите од високата класа, каде што цените во минатиот месец во просек се намалиле за 1,3 процент во споредба со лани.

Во споредба со минатата година, цените им пораснале најмногу на спортските автомобили (плус 8 проценти), на мини моделите (плус 7,6 проценти) и на вистинските теренски возила (плус 4,8 проценти). Наспроти тоа, цените се намалиле кај СУВ-моделите (минус 5,8 проценти) и кај моделите од вишата класа (минус 4,1 проценти).

Купувачите на автомобил преку мобиле.де, во октомври требало да платат 732 евра повеќе за користен автомобил, отколку во истиот месец во 2022 година.

Користените автомобили стојат сé подолго на плацевите

Растечки тренд во октомври имало и во времето на стоење на возилата. Во споредба со октомври лани, времето е подолго за 12 проценти, односно просечното време на мирување на возилата до продажба изнесува 96 денови. Тоа е над две недели покусо во споредба со јуни 2020 година, за време на пандемијата, кога користените автомобили стоеја по 113,1 денови во просек.

Прегледот по одделни сегменти покажува дека времето на стоење се продолжило за двоцифрени вредности во речиси сите сегменти. Единствено има отстапка кај возилата од средната класа, каде што има едноцифрен раст, со 4,3 проценти. На граница се и компактите, чиешто време на чекање до продажба се продолжило за 8,8 проценти.

Помала километража, постари возила

Просечната километража на користените автомобили во октомври изнесувала 52.168 километри, што е за 1,3 проценти помалкуи во споредба со лани. Најголема разлика се јавува кај спортските автомобили (минус 5,7 проценти) и мини-моделите (минус 5,5 проценти). Спортските модели, со просечно 36.215 километри, имале извозено над 2.000 киометри помалку во споредба со октомври лани.

Користените возила и натаму продолжуваат постепено да стареат. Последниот просек изнесува 45,1 месеци (плус 0,5 проценти). Најстари возила по сегменти во октомври имало кај вановите (58,5 месеци), спортските автомобили (56,5 месеци) и минијата (55,5 месеци). Последниве, заедно со вистинските теренски модели, ги претставуваат единствените сегменти во коишто е смалена староста на понудените возила за продажба: Минус 4,2 проценти кај мини, мини 3,4 проценти кај тгеренците.

Статистиката се темели врз 663.610 од вкупно 1,4 милион огласени возила на мобиле.де.

Претходна објаваНовитет во салонот на Мак Аутостар: Електричeн Мерцедес е луксуз на изборот
Следна објаваАкциите на Форд и Џенерал Моторс се паднати, аналитичари препорачуваат купување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here