Штрајкот на работниците и останатите предизвици со коишто се соочува автомобилската индустрија, направија акциите на Форд и на Џенерал Моторс да станат „историски евтини“.
Инвеститорите имаат историска шанса да купат акции во Форд и во Џенерал Моторс по исклучително ниска цена, порачуваат аналитичарите од Барклејс.
Автомобилските гиганти дополнително се соочуваат со зголемени трошоци за да им ги исплатат покачените плати на работниците, откако беше постигнат договор со работничкиот синдикат. Притисок доаѓа и од покачените цени на автомобилите и од преоѓањето на електрични возила, објави Ден Леви, аналитичар во Барклејс.
Леви ги промени своите препораки за Форд и Џенерал Моторс, и место акциите да се чуваат, тој сега им препорачува на инвеститорите да купуваат акции. Аналитичарот ги задржа своите предвидувања за вредноста на акциите во двата автомобилски гиганти.
Тој предвидува дека акциите на Џенерал Моторс ќе достигнат 37 долари, што е за 30 проценти повеќе од вредноста при затворањето на берзата во вторникот. За акциите на Форд, Леви предвидува вредност од 14 долари, што е за 44 проценти повеќе од вредноста во вторникот.
Labor strikes and other auto industry challenges have made shares of GM and Ford “historically cheap,” creating a buying opportunity for investors, Barclays says https://t.co/HwXVSOpmOg
— Bloomberg Markets (@markets) November 1, 2023
„Инвеститорите сметаат дека постои причина зошто акциите се толку евтини, имајќи предвид дека валуацијата не е својствена за поседувањето акциите во Форд и Џенерал Моторс“, стои во пораката од Леви до неговите клиенти. „Сепак веруваме дека постои привлечна можност дека вредноста ќе им се зголеми“
Вредноста на акциите на Џенерал Моторс годинава е падната за 16 проценти, а на Форд за 15 проценти. Неодамнешната распродажба на акциите започна во средината на јули, кога се појави загриженост околу нивните преговори со работничкиот синдикат, за расположението на инвеститорите да продолжи да се уништува откако почна штрајкот.
Производителите на автомобили во меѓувреме постигнаа спогодба со синдикатот на работниците во автомобилската индустрија. Леви очекува дека тоа ќе води кон зголемување на вредноста на акциите.
Иако инвеститорите се загрижени околу профитот што ќе го постигнат производителите во 2024 година, Леви ичекува Џенерал Моторс и Форд да пријават добивка во висина од 6 долари по акција кај првите и 1,50 долар кај вторите, шпто тој смета дека „уште е многу здраво ниво.“
Неговите процени се пониски од тековниот консензус на Вол Стрит за 6,60 долари по акција за Џенерал Моторс и 1,72 долар по акција во Форд, според податоците што ги обработи Блумберг.

















