Cadillac го нуди кросоверот XT5 како конкурент на Audi Q5 и Mercedes GLE

Cadillac XT5

На салонот во Лос Анџелес на крајот на ноември ќе дебитира новиот XT5, како замена за стариот SRX. Престижната американска марка Cadillac најавува уште многу други нови модели.

Кросоверот XT5 е прв од четирите нови модели во овој сегмент што Cadillac ќе ги претстави во следните години. Наследникот на SRX е развиен однатре нанадвор, за купувачите да добијат повеќе простор, нова и поштедлива техника и уште повеќе луксуз. Новиот кросовер од идното лето ќе се продава и на европскиот пазар, како конкуренција за Audi A5 и Mercedes GLE.

cadillac xt5 (4)Новиот XT5 е долг 4,82 метри, широк 1,9 метар и висок 1,68 метар, со меѓуоскино растојание од 2,86 метри. Под хаубата ќе работи 3,6-литарски V6 со моќност од 318 КС и варијабилно управување со вентилите. За штедењето гориво ќе се грижат систем старт-стоп, како и исклучување на два цилиндра при ниско оптоварување. Вртежниот момент од 366 њутнметри ќе се пренесува на предната или на обете оски преку осумстпен автоматски менувач.

Големо внимание посветено во намалувањето на тежината и потрошувачката на гориво

Техничарите на престижната марка на General Motors постигнаа намалување на тежината за 126 килограми во споредба со SRX. Кросоверот е воедно полесен за 45 килограми и од Audi A5 и за дури 295 килограми од Mercedes GLE. Во верзијата со преден погон, XT5 ќе тежи 1.814 килограми. Со рационално искористување на просторот во кабината, на задната клупа се добива осум сантиметри повеќе простор за колената во споредба со претходникот.

Cadillac ќе користи комбинација од класични ретровизори и монитор за надгледување на сообраќајот и средината зад возилото. Производителот тврди дека со префрлувањето на приказот од камерите се постигнува трипати подобра прегледност отколку со обични ретровизори. Камерата ја испраќа сликата до софтвер за видеобработка, кој ги „брише“ пречките како задните столбови, рабовите на покривот или патниците на задната клупа, овозможувајќи слободен поглед наназад.

Претходна објаваМадрид е 31-от град со евтината шема за изнајмување возила Car2go
Следна објаваЕлектричниот Nissan Leaf добива привилегиран превоз по железница

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here