за

Cadillac планира напад на класата Ѕ на Mercedes

Во убавите времиња, Cadillac произведуваше долги лимузини натежнати од хром и од дебели мотори. И денешните модели не се мали, но користат техника од други модели. Тоа ќе се менува.

Американската луксузна марка планира да го врати некогашниот сјај и да се одбрани од нападите на домашниот пазар, а првенствено од германските премиум марки и од Lexus. Актуелниот знаменосец XTS е голема лимузина со 5,13 метри во должина, но основата доаѓа од Chevrolet Impala, а погонот е напред. Моделот повеќе е конкурент на класата Е на Mercedes, отколку на моделите од највисоката лига.
Со студијата Elmiraj од август 2013, Американците ги најавија плановите да се приклучат во игра во врвот на престижниот сегмент. Уште тогаш беше најавено дека шасијата и каросериската структура ќе се користат за автомобил од сериско производство. Фотографиите од авто папараците откриваат дека студијата на купе со две врати прераснала во класична лимузина. Во студијата работеше 4,5-литарски мотор V8 со два турбополначи и 500 КС.

Името на идниот знаменосец во моделската понуда на Cadillac уште не се открива. Марката има долга традиција во овој сегмент со престижните модели Fleetwood и Fleetwood Brougham. Серискиот модел може да се очекува најрано во април, на салоните во Пекинг или Њујорк.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes почна со производство на новата класа C

Духот на Rolls-Royce вози со 601 КС