за

Cadillac најавува луксузна лимузина за 2015

За да го врати стариот сјај, Cadillac планира нов луксузен модел. Неговата премиера е закажана за 2015 годинa, а со стилот ќе се раководи според концептот Ciel и новиот CTS.

Престижната марка на General Motors ќе претстави нова лимузина од највисоката класа најдоцна до 2015 година. Тоа го потврди шефот Дениел Еткинсон во интервју за американскиот дневен весник „USA Today“. Моделот со погон на задните тркала делумно ќе ја користи техниката на моделот од вишата средна класа Cadillac CTS. Можно е Американците да понудат и изведба со погон на сите тркала, за моделот да може да си конкурира поуспешно со Audi A8, класата S на Mercedes или серијата 7 на BMW.

Изгледот на возилото нема целосно да се ориентира според студијата на кабриолет Ciel од 2011 година, но затоа ќе преземе неколку од нејзините највпечатливи детали. Тука се подразбираат исправените светла што се поставени на самиот раб на предните крила. Сличен дизајн поседува и новиот CTS, кого што Cadillac го подготвува за европска премиера на салонот во Франкфурт наесен.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новиот Mini доаѓа в година

Академски хакер го проби кодот на Lamborghini