BYD, најголемиот производител на електрични возила во Кина, потпиша договор со Stingray, компанија за музика, медиуми и технологија од Канада, за автомобилите да добијат поддршка за караоке.
Производот за караоке што е развиeн од Stingray ќе биде содржан како апликација во системот за инфо-забава во најпродаваните модели на BYD. Уште во текот на годинава, апликацијата за караоке ќе се понуди во повеќе држави на коишто се присутни BYD.
Бидејќи инфо-забавниот систем ќе подржува низа јазици и дополнително на тоа ќе биде лесен за користење, патниците во возилата ќе можат да пристапат и да пребаруваат во музичката библиотека на Stingray, по наслов, изведувач, рефрен или жанр.
За безбедноста во возењето да не се нарушува, системот автоматски ќе го исклучува движењето на текстот на песната во дисплејот во средишната конзола, откако автомобилот ќе се стави во движење, објаснуваат од BYD
Двете компании исто така развија посебна апликација којашто на патниците ќе им дозволува да користат преносни уреди за да го прегледуваат текстот на песната и да ја контролираат песната, кога музиката ќе почне да се слуша од звучниците во автомобилот.
🆕 Every week, we had new songs to our karaoke library! Check out these new releases ↓
📲 https://t.co/x2NCSNDF4x#FooFighters #Giveon #TheWeeknd #Karaoke pic.twitter.com/pjaOcfPv3D— Stingray Karaoke (@StingrayKaraoke) December 20, 2021
















