JLR вработува нови 300 техничари во Обединетото Кралство, коишто ќе го прошират тимот за тестирање и производство. Тоа е дел од планот за значително проширување на персоналот, за британскиот производител да почне да ја зголемува понудата од модели со електричен погон.
Од новите тристотини работни места, 100 се за техничари што ќе работат во каросериското одделение во фабриката на JLR во Солихал, во централна Англија. Производителот вложи 70 милиони фунти за да ја зголеми продукцијата на Range Rover и воедно да воведе чисто електрична изведба од благородничкиот СУВ.
Преостанатите 200 работни места се наменети за техничари и тест-инженери, што ќе работат во блискиот центар за тестирање во Гајдон. Од компанијата јавуваат дека тимот ќе работи на следната генерација електрични возила.
JLR повторно го зголемува персоналот, откако следеше серија отпуштања на вработените, како мерка за намалување на трошоците.
Бројот на вработени во компанијата се намали за речиси 10 проценти, од 39.787 вработени на 1-ви март 2019 година, на 36.031 вработени на 31-ви март 2022 година. Тоа беше еден од начините за компанијата да ја поврати финансиската моќ, по серијата загуби што почна во 2019 година.
Персонaлот пвоторно се зголеми и на 31-ви март годинава достигна 38.379 лица, стои во бројките на компанијата
Бизнисот на JLR процвета повторно годинава, откако Британците ја надминаа низата проблеми во синџирот за набавки. Компанијата повторно можеше да ја зголеми испораката на своите високо профитабилни модели Range Rover, Range Rover Sport и Defender.
Компанијата во сопственост на моќната индиска Tata, во вториот квартал годинава пријави добивка во висина од 435 милиони фунти. Лани во истиот период, JLR имаше 524 милиони фунти загуба.
Приливот на готовина достигна 451 милиони фунти, повеќе отколку што компанијата има забележано во кој било втор квартал во својата историја.
JLR им се посвети на своите големи СУВ-модели, откако се префрли на стратегија „вредноста е поважна од волуменот“, којашто ја применија повеќето премиум производители во периодот по пандемијата.
JLR во вториот квартал продаде 101.994 возила, од кои најмногу се од моделот Defender
Range Rover е втор најпродаван модел, по него следи Range Rover Sport.
Компанијата в година почнува со производство на целосно електрична изведба на Range Rover.
EXCLUSIVE! 👀
Here’s the best clue yet to Jaguar’s new look.
We’ll see a concept in April/May next year and the first of three new, all-electric Jags at the end of the year, on sale in 2025 😲
As JLR bosses keep saying, it’ll be a copy of nothing! pic.twitter.com/58OmrtJ1HJ— Steve Fowler (@SteveFowler) August 16, 2023
Пред завршетокот на годинава, JLR ќе прикаже три нови модели на Jaguar, со целосно електричен погон, коишто постепено ќе се воведуваат во продажба, почнувајќи од 2025 година.
















