за

Bugatti Veyron е најдобар автомобил во последните 20 години

Читателите на магазинот Top Gear го избраа Bugatti Veyron за најдобар автомобил во последните две децении. Во изборот се најдоа вкупно 50 возила, а гласаа преку 100.000 читатели.

Претседателот на Bugatti Automobiles, др. Волфганг Шрајбер: „Горди сме што Bugatti Veyron ги одушеви читателите на интернационалниот магазин со својата технолошка авангарда и со впечатливиот дизајн“. Станува збор за најмоќниот и најбрз сериски автомобил на светот. Veyron постави два брзински рекорда, последен пат годинава со Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse.

До денес се продадоа преку 300 примероци од двете купе изведби Veyron 16.4 и Super Sport, додека од родстер изведбите Grand Sport и Grand Sport Vitesse, кои што се произведени во серија ограничена на 150 примероци се останати уште 50 возила.

Top Gear UK е еден од најреномираните авто магазини во Велика Британија, со лиценцни изданија во 32 држави и со читачка публика од 9,2 милиони читатели. Магазинот е производ на медиумската муќа која што го продуцира и истоименото телевизиско шоу.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европскиот пазар покус за 5 проценти во август

Suzuki стартуваше со производство на SX4