за

Brough Superior ASG во трка за најскап мотоцикл во светот

Моделите на оваа марка се Rolls-Royce меѓу мотоциклите. Во Лондон наскоро ќе се наддава за Brough Superior SS100 – и се очекува тој на наддавањето да постигне рекордна цена.

Класичните мотоцикли ниту оддалеку не ги достигнуваат цените на автомобилските олдтајмери, но една машина од 1929 година би можела да постави нов рекорд. Познатата аукционерска куќа Bohnams за крајот на ноември најави дека ќе го понуди на наддавање Brough Superior SS100 во особено ретката изведба „Alpine Grand Sports“. Експертите очекуваат мотоциклот да достигне цена од 320.000 фунти, односно 410.000 евра.

Актуелниот рекорд на најскап мотоцикл во светот го држи друг модел од истата марка. Brough Superior SS100 од 1932 година достигна цена од 286.000 фунти на наддавањето пред две години. Верзијата „Alpine Grand Sports“ може да достигне уште повисока цена. Една од највпечатливите разлики во споредба со поновиот модел е во ташната со алат на задниот носач за багаж.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да го подготвите автомобилот за зима

Тест на California T по рутата на Рели Монте Карло