Во Обединетото Кралство во април произведени само 197 автомобили

Во Обединетото Кралство во април произведени само 197 автомобили
Во Обединетото Кралство во април произведени само 197 автомобили

Поради воведувањето на строги мерки против ширењето на корона-вирусот, производството на автомобили во Обединетото Кралство во април се најде речиси во целосно мирување.

Производството на автомобили во Велика Британија забележа драстичен пад во април. Како што соопшти BBC, автомобилското производство во април се намалило за 99,7 проценти во споредба со истиот месец лани.

Во целата островска држава биле изработени само 197 автомобили. Станува збор за престижни и луксузни автомобили од марки како McLaren, Bentley или Rolls Royce. На овие возила требало да се извршат само уште последните зафати. Од нив, 45 возила се испорачани директно на клиентите.

Автомобилското производство во април било на најниското ниво по втората светска војна. Поради корона-кризата, некои од производителите привремено се префрлија на изработка на медицинска заштитна облека и прибор.

Во нормални услови, во април во земјата се произведуваат околу 400.000 возила. Недостигот од оваа продукција ќе ги чини автомобилските концерни до 12,5 милијарди фунти, односно околу 13,9 милијарди евра. Фабриките во земјата постепено се враќаат во работа, со строго почитување на мерките за заштита.

Rolls-Royce е прва британска марка што се враќа во погон

rolls-royce cela modelska gama

Претходна објаваSkoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото
Следна објаваВодородна Toyota во противпожарната служба во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here