„Европа без потреба ја забавува својата иднина во вештачката интелигенција со премногу закони,“ изјави Хартунг на конференцијата за напредна технологија, што моќниот добавувач на индустријата го организазира во Штутгарт.
Бош поседува право на повеќето од патентите што се регистрирани во Европа од подрачјето на АИ (вештачката интелигенција) и до завршетокот на 2027 година има намера да вложи уште 2,5 милијарди евра во таа технологија.
Добавувачот развива АИ-решенија за автономно возење и за индустриски системи со висока ефикасност, што е само еден дел од широкиот спектар на дејности.
Спојот од бирократија и од строги, но непотребни закони, ја намалува атрактивноста на Европа во светски рамки, оценува извршниот директор.
Хартунг препорача законодавството да се ограничи само на рамката што ги покрива најосновните точки.
Во спротивно, „ќе се движиме кон смрт, поради тоа што се обидуваме со закони да го спречиме технолошкиот напредок“, додава директорот.
Трката за развој на АИ се вжешти, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во јануари најави дека во приватниот сектор ќе се вложат до 500 милијарди долари (околу 431 милијари евра), за развој на инфраструктура за АИ.
Кусо потоа, ЕУ соопшти дека ќе насочи 200 милијарди долари во секторот.
Бош е најголем добавувач на автомобилската индустрија во светот, според Аутомотив Њуз, со реализиран промет од 54,4 милијарди долари во минатата година.
















