Bosch со комплетна сервисна поддршка во Македонија

if

Марката што е прв избор при сервисирањето и одржувањето на автомобилите отсега е застапена со комплетна услуга во новиот Bosch Service. Центарот се наоѓа на некогашна „Првомајска“ и со најсовремена технологија на германскиот производител и стручен персонал го нуди целосниот дијапазон на услуги, од тестирање и дијагностика, до ултразвучно чистење и поправка на дизел компоненти.

Од почетокот на неделава македонските возачи и оператори на возни паркови имаат на располагање нова адреса на којашто можат да се обратат за сите услуги коишто се однесуваат на сервисирањето и одржувањето на возила во мрежата на германскиот Bosch. Новиот центар AGS Bosch Service е лоциран на булевар Борис Трајковски или некогашна „Првомајска“ и како што нагласуваат од компанијата, тој е прв комплетен овластен сервис во доменот на автомобилската индустрија, трговијата со резервни делови и сервисирањето на дизел компоненти во Македонија.

ags bosch service 11

Тестирањето и дијагностиката за сите видови возила се вршат со оригинални тестери Bosch KTS540 и Bosch KTS TRUCK, дијагностички кабли Bosch и фабрички софтвер Bosch ESI tronic v2.0. Услугата на AGS Bosch Service во ова подрачје опфаќа и ултразвучно чистење на дизел компоненти од повеќе генерации на мотори, во специјални кади и со специјално средство. За секое тестирање на пумпа, инјектор или дизни се добива официјален извештај на Bosch во печатена форма.

Специјалноста секако е поправката на дизел компоненти, со оригинални делови од Bosch, почнувајќи од калибрација и полурепарација, до целосна репарација на компонентите и заптивање на пумпа. Сервисните услуги директно на возилото опфаќаат демонтажа и монтажа на инјектори, пумпа, нагодување на вентили и чистење на систем за гориво за патнички и доставни возила, како и камиони.

Паралелно со отворањето на репрезентативниот центар, AGS Bosch Service ја проширува и осовременува дилерската мрежа за оригинални резервни делови, што секако ќе придонесе за поефикасно снабдување на купувачите и клиентите.

За претстава колку Bosch е застапен во автомобилската индустрија, може да послужи следниов список, којшто е извадок од целосната понуда на оригинални резервни делови:

  • Свеќички за палење
  • Грејачи
  • Ламбди сонди
  • Мерачи за проток на воздух
  • Сензорска група (маф сензори, сензори за брегасто и коленесто вратило, сензори за притисок, сензори за температура)
  • Системи за сопирање (плочки, гуртни, сајли, барабани, дискови, сензори за АБС и сензори за плочки)
  • Осветлување (секаков вид на светилки од 12V и 24V)
  • Бришачи
  • Ремени
  • Осигурувачи, релеи и алтернатори
  • Систем за палење (анласери, кабли и бобини).
  • Систем за гориво (резервоарски пумпи, електрични и common rail системи, инјектори, распрскувачи, регулатори за заеднички вод, дозирачки единици и регулатори за пумпи под висок притисок, делови за одржување, заптивни елементи и сетови)

[FAG id=26625]

Претходна објаваMercedes ќе ја заврши годинава со двомилионска продажба
Следна објаваВизионерскиот мотоцикл на BMW одликуван со врвна награда за дизајн