Bosch има дисплеј што „кликнува“ како механичко копче

Добавувачот Bosch се подготвува да освои ново поле во автомобилите, развивајќи дисплеј што при ракување прави иста повратна реакција како при притискање копче. Профитира и безбедноста.

Дисплеите што реагираат на допир не се особено практични за возачот, затоа што секогаш мора со погледот да се лоцира полето за активирање на одредена функција во дисплејот. Bosch има решение за овој недостаток, со дисплејот што при допир произведува повратна реакција слична како при притискање копче. На тој начин дополнително се поедноставува ракувањето со навигацијата, радиото и функциите на паметниот телефон. Копчињата што се прикажуват на дисплејот на допир реагираат исто како вистински копчиња, така што во повеќето ситуации е можно со нив да се ракува и без свртување на погледот на возачот.

Спој на едноставно ракување со механичко копче и предности на дисплеј на допир

Дисплејот дополнително ја препознава и силата на притискање и активира различни функции. Со лесно притискање се активираат помошните функции, а со менување на притисокот може побрзо или побавно да се прелистува низ менито.

Bosch е одликуван за овој дисплеј со „Награда за иновација на CES“, која што ќе биде врачена во рамките на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, од 6-ти до 9-ти јануари 2016 година.

Претходна објаваKia Cadenza: Корејска престижна лимузина за светскиот пазар
Следна објаваПазарот на средната класа се стеснува, проблем за Jaguar и Alfa

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here