BMW ќе произведува серија 9 за кинескиот пазар?

Магазинот auto motor und sport објави информација во која што се наведува дека Баварците подготвуваат студија за салонот во Пекинг, како најава за идниот крстосувач од серијата 9.

Големата лимузина што BMW ќе ја претстави на претстојниот салон во Пекинг го претставува новиот концепт на кокпит според којшто ќе се раководат сите идни модели на марката, но според сознанијата на германскиот магазин се работи за многу повеќе од тоа – концептниот автомобил е стилска и идејна вежба за идната серија 9, како врв во понудата на BMW и пополнување на празнината меѓу сегашната серија 7 и моделите на Rolls-Royce.

Актуелната лимузина од серијата 7 веќе им станува премала на купувачите на неколку позначајни пазари на BMW во светот, особено во Кина. Како решение за овие купувачи ќе се понуди големиот и луксузен крстосувач од серијата 9. Основа за возилото ќе биде модуларната платформа на новата „седумка“, којашто во иднина ќе се користи и за Rolls Royce Phantom. Британскиот благородник ќе се појави со новата платформа во 2016 година, а една година подоцна ќе стартува и продажбата на новата серија 9.

Намерата на BMW да продолжи со освојување на повисоките сегменти беше најавена уште во минатата година со Gran Lusso Coupé. Овој студиски автомобил ја испитуваше реакцијата на пазарот на престижно купе, по пример на серијата 8 од 1990-те години, како конкурент на купето од класата Ѕ на Mercedes.

Претходна објаваЕУ бара потивки автомобили
Следна објаваНајдобриот увозник на Skoda е во Велика Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here