BMW ќе полни струја од бандера

Идејата на BMW е да се користи постоечката инфраструктура место да се поставуваат нови станици за полнење струја за електричните автомобили

BMW планира да ги користи столбовите на уличните светилки како полначи за струја за електричните автомобили. Првите прототипи од овие столбови се поставени, тестирањето почнува в година.

Баварскиот производител работи на улични столбни светилки што се опремени со приклучоци за полнење на батериите на повеќе видови електрични автомобили и од повеќе дистрибутери на струја. Според BMW, може да се користат постоечките столбни светилки за улично осветлување. Од следната година ќе се тестира функционирањето на две улични светилки опремени со оваа технологија во Минхен, во близина на централата на BMW.

Сопствениците на електрични автомобили ќе можат да паркираат покрај столбовите и да ја платат струјата преку апликација за мобилен. Намерата на BMW е на овој начин ја зголеми привлечноста на електричните автомобили за купувачите. Со новиот систем нема потреба возачот да се упатува кон посебни улични станици за полнење или паркинзи опремени со полначи.

Претходна објаваЕлектричниот теренец на Tesla доцни – вторпат!
Следна објаваКако да го подготвите автомобилот за зима

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here