BMW со студија на суперспортски мотоцикл со електричен погон

На конференција на медиуми во Минхен, мото-марката BMW прикажа студија на суперспортски мотоцикл со електричен погон. Техничките детали засега се непознати, но има најава: S 1000 eRR ќе постави нови стандарди.

Подвозјето и дизајнот на BMW S 1000 eRR се идентични со актуелниот суперспортски мотоцикл S 1000 RR. Но, место од четирицилинарец, моќта до погонскиот синџир пристига од електромотор.

bmw s 1000 err (1)BMW во моментов не ги открива техничките детали, но шефот на мото-марката Штафан Шалер најавува: „S 1000 RR поставува стандарди во поглед на забрзувањето, возните својства и крајната брзина. Но, кога станува збор за забрзувањето во првите метри до 50, 60 km/h, дури и 199-те коњски сили на RR се недоволни против еден друг продукт на BMW, против C evolution со неговиот електричен погон. Ние се прашувавме што ќе се случи кога спортски мотоцикл ќе се комбинира со електричен погон?“

Резултатот секако ќе биде фасцинантен, особено покрај фактот што eRR не испушта ниту грам штетни материи.

Претходна објаваПазарот на средната класа се стеснува, проблем за Jaguar и Alfa
Следна објаваСигурносни камери снимаат оригинален обид за кражба на Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here