BMW планира продажба на 200.000 мотоцикли до 2020 година

Мото-марката BMW планира продажбата на мотоцикли да достигне ниво од 200.000 мотоцикли до крајот на деценијава. Тоа се 75.000 примероци повеќе отколку лани.

По повеќе години, BMW повторно е присутен со мотоцикл во сегментот под 500 сантиметри кубни, со новиот G 310 R. Евтиниот модел на европскиот пазар ќе го привлекува интересот на почетниците на две тркала и на тие што се враќаат на две тркала, но најголема продажба се очекува во Азија и во Латинска Америка. Производителот најавува и други модели со помала работна зафатнина. Со воведувањето на скутерот C Evolution, BMW гледа голем потенцијал и во сегментот на мотоцикли со електричен погон. За тоа меѓу другото сведочи и концептниот мотоцикл eRR, когошто BMW го разви во соработка со Техничкиот универзитет во Минхен, во стил на S 1000 RR.

bmw r nine ttBMW дури пред три и пол години стартуваше во сегментот на макси скутери, а со претставувањето на R Nine T во минатата година отвори уште еден нов сегмент за марката. За салонот Eicma во Милано е најавена светска премиера на уште еден модел во класата на Scrambler, од когошто BMW очекува да постигне голем успех на пазарот во САД.

Со планираната експанзија на моделската понуда на марката ќе се работи и на проширување на продажната мрежа. До 2020 година, паралелно со зголемувањето на продажбата ќе се отвораат и нови дилерски центри, со што нивниот број ќе се зголеми од сегашните 1.100 на 1.500 центри.

Претходна објаваПоршето на Џенис Џоплин оди на наддавање во Њујорк
Следна објаваГерманската марка Wiesmann се враќа во живот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here