Баварците планираат да изградат нова фабрика во Мексико. Со дополнителниот капацитет ќе се покрие растечкиот пазар во САД, но ќе го заштити BMW и од промени на курсот на доларот.
Во последно време стануваат сé погласни шпекулациите дека BMW ќе гради фабрика во Мексико, заради задоволување на растечката продажба на марката на пазарот во САД, но и за покривање на идниот потенцијал на пазарите во Јужна Америка, како и за заштита од промени на курсот со производство во економскиот регион на доларот. BMW моментно гради фабрика во Бразил. Конкурентот Audi во иднина ќе произведува во обете земји. Според шефот Јан Робертсон сé уште е неизвесно дали новата фабрика ќе се гради во САД, Мексико или во друга земја.
















