за

BMW ја зголеми заработката во третиот квартал

Во периодот од јули до крајот на септември, намален е прометот на BMW, но заработката била повисока отколку во истиот период лани. Голем раст доаѓа од еден пазар.

BMW обезбеди кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко

BMW добро ја пребродува корона-кризата по студениот старт пролетоска, исто како што е случај со останатите германски конкуренти. Бизнисот во Кина напредува одлично и шефот Оливер Ципсе денес објави дека неговиот концерн дури и ја зголемил заработката во третиот квартал.

Бизнисот повторно напредува за производителот на автомобили од Минхен, но останува резервираноста во поглед на очекувањата за годинава, поради последиците од корона-пандемијата. „По стабилизирањето на економските услови во третиот квартал, повторно се зголемува динамиката на пандемијата“, објавуваат од BMW. Тоа прави да биде голема неизвесноста за понатаму.

Голем број европски држави моментно се наоѓаат во делумен полициски час или планираат построго ограничување на социјализирањето, со цел да се ублажи ширењето на инфекцијата. Шефот на BMW, Оливер Ципсе, предупредува дека „нов полициски час може силно да влијае врз нашиот бизнис во четвртиот квартал, како и во почетокот на 2021 година.“

Меѓу јули и крајот на септември, заработката на BMW се зголемила за 17% и достигнала 1,82 милијарда евра. Големиот раст се темели во најголема мера врз добрата продажба во Кина. Но, добри се и резултатите во останатите продажни региони ширум светот.

Инвестициите во BMW се намалени значително и воведени се строги мерки за штедење. Ципсе открива дека „дневниот бизнис тесно го раководиме според регионалниот тек на побарувачката и можеме во секое време да реагираме на промените на пазарот.“

Оперативната заработка на сино-белите, во којашто од книговодствени причини не се вклучени бројките од Кина, намалена е за 16% на 1,92 милијарда евра. Вкупниот промет се намалил за 1,4 процент, на 26,3 милијарди евра.

Во периодот меѓу јули и крајот на септември, концернот BMW, заедно со марките Mini и Rolls-Royce, продал 676.000 автомобили, што е за близу девет проценти повеќе од лани. Во Кина, пазарот напредувал дури за една третина. Во Германија исто така расте пазарот, благодарение на масивните субвенции за приклучни хибриди и електромобили. Единствено во САД има извесен пад во споредба со лани.

>>> BMW M3 стартува со производство неделава

BMW M3 стартува со производство неделава

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриката на Suzuki во Индија за три години до милион

Фабриката на Suzuki во Индија за три години до милион

Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID3

Во октомври 30.000 возачи во Германија побарале субвенции за електричен автомобил