Фабриката на Suzuki во Гуџарат, сојузна држава на западниот брег на Индија и индустриски најразвиен регион во земјата, го достигна првиот милион. Славеничкиот модел е Baleno, фабриката го достигна првиот милион произведени возила во рекордно кусо време.
Огранокот на корпорацијата Suzuki Motor во Индија го произведе милионитиот автомобил. SMG е фабрика што најбрзо има достигнато милионска продукција во синџирот на Suzuki. Рекордот е еден милион возила за три години и 9 месеци, откако фабриката стартуваше со производство во февруари 2017 година.
Baleno е првиот модел што почна да излегува од фабриката на Suzuki во Гуџарат. По него, во јануари 2018 година, следеше и почеток на производството на Swift. Во март истата година стартуваше и извозот на првите автомобили од фабриката, наменети за регионот. Веќе во јануари 2019 беше проширена фабриката, со изградба на нови производствени хали. Паралелно започна со работа и фабриката за изработка на мотори, со цел да се задоволи растечката продажба во Индија и во регионот.
Во минатата фискална година, Suzuki продаде околу 1,44 милион возила и произведе околу 1,58 милион возила во Индија. Фабриката во Гуџарат учествуваше со 25% во вкупното производство во земјата, со 410.000 возила (+141% во споредба со 2018).
















