за

Во октомври 30.000 возачи во Германија побарале субвенции за електричен автомобил

Купувачите на автомобил во Германија во октомври поднеле рекорден број барања за новите и повисоки субвенции за електрични автомобили.

Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID3

Повисоките субвенции за електрични автомобили во Германија доведоа до нов рекорд во бројот на поднесени барања. До Сојузното министерство за економија пристигнале 32.324 барања во октомври. Рекордите се менуваат четири месеци во континуитет.

Германските власти летоска значително ги зголемија државните субвенции, кои имаа за цел да се зголеми интересот за електрични автомобили. Државата за тоа издвојува милијарди евра. Повисоката премија ќе важи до крајот на 2021 година.

Купувачите на чисто електричните автомобили добиваат субвенција во висина од 9.000 евра. Во оваа сума, германската држава учествува со 6.000 евра, додека преостанатите 3.000 евра одат на сметка на производителот на возилото. Во октомври во Германија биле регистрирани 23.158 нови автомобили со погон на струја. Тоа значи дека секое дванаесетто новорегистрирано возило во земјата, вози чисто на струја.

По 16-ти ноември, купувачите на електрични автомобили ќе можат во исто време да ги користат сојузните субвенции, но исто и субвенциите на одделните сојузни држави. Тоа ќе овозможи цената на електричните возила да биде уште подостапна.

Трипати повеќе барања отколку во октомври лани

Од јули, Министерството добило над 100.000 барања за субвенција. Тоа е неколкупати повеќе отколку во 2019 година. Само во минатиот месец се поднесени трипати повеќе барања отколку лани во октомври. За обработка на масовните барања се ангажирани 40% повеќе службеници, со цел побрзо да се одговори на побарувачката.

>>> Унгарија издвои 14 мио. € за субвенции за електрични возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW обезбеди кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко

BMW ја зголеми заработката во третиот квартал

Mercedes V-Class единствен ван со пневматска суспензија

Mercedes V-Class единствен ван со пневматска суспензија