за

BMW X4 ќе се произведува во Русија … со делови од САД!

Баварците ќе го прошират производството на X4 во Русија, со готови модели што ќе се испорачуваат од фабриката во САД. Тоа е начин за германската марка да ги избегне високите увозни царини на рускиот пазар.

BMW во моментов произведува седум модели во фабриката на Avtotor во Калининград со полуготови модули испорачани од матичните фабрики. Наскоро на овие модели ќе им се придружи и купе-теренецот X4, којшто ќе се продава само на локалниот пазар. полуготовите модули ќе пристигаат во Русија од фабриката на BMW во Спартанбург, САД. Во почетокот на мај BMW се откажа од плановите за изградба на сопствена фабрика, поради неизвесноста на рускиот пазар.

Продажбата на нови возила во Русија се намали за 38 проценти до април, предизвикано од високите санкции за западните производители, слабата валута и падот на цената на нафтата. BMW претрпе само послаб шок, со пад во продажбата од 20 проценти. Марките од премиум сегментот постигнуваат подобра продажба од големосериските производители, бидејќи богатите Руси продолжуваат да инвестираат во движен и недвижен имот. Mercedes исто така планира да изгради фабрика во Русија и моментно разгледува три потенцијални локации за нејзина изградба.

Avtotor ги произведува моделите од сериите 3, 5 и 7, како и моделите од семејството кросовери и теренци, X1, X3, X5 и X6. Во фабриката во исто време се произведуваат и автомобили од марките Opel, Chevrolet и Kia. Производителите со постоечки капацитети во Русија, како Volkswagen и Ford, ја намалуваат продукцијата поради променетите пазарни услови. General Motors дури ја затвори фабриката во Санкт Петерсбург и ја прекина продажбата на Opel и Chevrolet.

Пазарните аналитичари ценат дека премиум производителите ќе профитираат откако пазарот во Русија повторно ќе заздрави. Лани Avtoror произведе 25.000 возила за BMW, а за оваа година се очекуваат 21.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot и Citroen си ги регистрираат возилата за да прикажат добра продажба

Кој е LM002, првиот супертеренец на Lamborghini?