за

BMW X4: Малиот брат на X6

Баварците се шампиони кога треба да се измисли нова каросериска форма. Пред шест години, тие го создадоа X6, како прв купе теренец. Сега доаѓа помалиот брат, на техничка основа на серијата 3, со ознака X4.

Браншата реагираше веднаш на потегот на BMW и понуди свои толкувања на купе теренец, во сите големини и класи. Nissan Juke и Range Rover Evoque се очигледно инспирирани од X6. Конкурентите Audi и Mercedes се уште немаат вклучено таков модел во понудата. Додека се појават најавените Q6 и MLC, марката со сино белиот знак веќе ќе го нуди својот модел во втората генерација.

Концептот на X6 се пренесува во пониската класа. На претстојниот салон во Шангај, BMW ќе го прикаже концептот X4, како најава за идниот сериски модел, со помали димензии и поелегантна каросерија од X6, за освојување на поширок круг купувачи. Новитет во дизајнот се трите рабови на страниците на каросеријата. Предниот дел изгледа пошироко, поради тоа што светлата не допираат до маската на BMW.

Почетокот на продажбата на моделот се очекува догодина, заедно со освежената верзија на компактниот теренец X3. Детали за погонот и за подвозјето се уште не се откриваат, но може да се очекува дека ќе се користи техниката од серијата 3.

Околу пазарниот успех на новиот купе теренец не би требало да постојат сомневања. Големиот X6 досега се продаде во повеќе од 200.000 примероци, иако во старт е за десетина проценти поскап од техничкиот близнак X5 и обично се нарачува со многу дополнителна опрема.

[nggallery id=13]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Captur: Освојувачот

Autobianchi и Datsun со модели од 5.000 евра