за

Спортска лимузина од серијата 8 на BMW влегува во врвната лига

bmw serija 8 gran coupe

BMW го најави следниот член во своето најпрестижно моделско семејство, серијата 8. Купе-лимузина со веќе традиционалната ознака Gran Coupe им се придружува на елегантното купе и на кабриолетот, премиерата е на крајот на јуни

Минхен објави фотографија со којашто го најавува третиот член во серијата 8, купето со четири врати Gran Coupe. Единственото што се прикажува на фотографијата е груба силуета на каросериската форма што најдобро спојува елеганција со практичност.

Иако повеќе не се гледа отколку што се гледа, BMW не остава неизвесност околу дизајнот на Gran Coupe од серијата 8, затоа што уште пред повеќе од една година, на салонот во Женева ја прикажа студијата M8 Gran Coupe. Доколку се замиже пред големите отвори за воздух во браникот од студијата, исто како и за жолтата ретро-нијанса во светлата и позлатените детали во бубрезите, изгледот на „стандардната“ изведба на серискиот модел е лесно да се замисли.

Спортски автомобил со четири врати, ненадминлива елеганција, и како што убаво наведува BMW, модерен луксуз

Првото појавување пред светот на Gran Coupe од серијата 8 на BMW ќе биде на 25-ти јуни, во рамките на настанот #NextGen во Минхен, а испораките ќе стартуваат во септември. Прототипите моментно ги привршуваат тест-возењата во Шпанија, маскирани само делумно.

BMW M8 gran coupe

Купе-лимузината од најпрестижната моделска серија на BMW во основа е класичен гран-туризмо, што се однесува до карактерот, перформансите и префинетоста, а на тоа следуваат уште еден чифт врати и комотен простор за седење назад. Меѓуоскиното растојание е продолжено во споредба со купето и кабриолетот од серијата 8.

Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица

Серијата 3 на BMW прв избор на пазарот на користени

Влатко Стефановски со музичко лого за серијата 3 на BMW

BMW i3 по супертестот на 100.000 километри во АУТО БИЛД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Miura P400 Italian Job

Исчезнатиот Lambo од „Италијанска работа“ се појави на сцената

honda e електричен автомобил

Името на електричниот автомобил на Honda e…