BMW го започна производството на новата серија 1 во Лајпцих

BMW serija 1 pocetok proizvodstvo
BMW serija 1 pocetok proizvodstvo

Од фабриката на BMW во Лајпцих излезе првиот примерок од новата серија 1. Синиот 118i е нарачан од купувач во Италија. Дневната продукција во следните месеци ќе се зголемува до 600 возила. Лајпцих е прва локација што ќе го произведува новиот модел во светската мрежа на BMW. Во ноември ќе започне и производството во Регенсбург.

Третата генерација на серијата 1 премина на преден погон. Фабриката досега стекнуваше искуство со предниот погон преку ванот Active Tourer од серијата 2.

При официјалниот почеток на испораката на 1-ви септември ќе бидат достапни два бензински и три дизел мотори, а може да се избира и изведба со погон на сите тркала.

Во ноември стартува и производството на Gran Coupe од серијата 2, како конкурент на Mercedes CLA

Претходните две генерации на серијата 2 исто така се произведуваа во Лајпцих. Таму моментно се произведуваат уште седум моделски серии на BMW: Купе и кабриолет од серијата 2, M2 Competition, Active Tourer од серијата 2, но и електричниот i3 и плагин хибридот i8, во купе и родстер изведба. Дневно се произведуваат по 1.000 возила.

Претходната генерација на серијата 1 се произведе во Лајпцих во 424.111 примероци. Заедно со продукцијата во Регенсбург, вкупната бројка изнесува 1.248.737 возила.

Претходна објаваШвајцарија првпат со повеќе од 10.000 хибриди за едно полугодие
Следна објаваМадрид нарача 672 автобуси со погон на метан Mercedes Citaro NGT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here