BMW S 1000 XR стартуваше со производство

Во фабриката на BMW во Берлин моментно се произведуваат 23 модели на мотоцикли. Последен модел е спортскиот S 1000 XR, како спој на моќта на S 1000 R и седењето на GS.

Мото-марката на BMW има нов модел во производственото портфолио на фабриката во Берлин. BMW ги нагласува динамичното крстосување, спортските перформанси, високиот комфор и практичноста во секојдневието како главни обележја на новиот S 1000 XR. Како 23-ти модел во фабриката во Берлин, S 1000 XR ќе се произведува во 80 примероци дневно. Двете илјади вработени во оваа фабрика на BMW дневно произведуваат до 680 мотоцикли.

[quote_box_right]„S 1000 XR ги носи типичните гени на нашите BMW-мотоцикли. Како спој на спорт и авантура, тој ги соединува моќта на S 1000 R со исправеното седење на GS“, раководител на проектот Михаел Фојзер[/quote_box_right]

По суперспортските S 1000 RR и HP4, како и родстерот S 1000 R, BMW-мотоцикли ја претстави четвртата варијанта во оваа спортски ориентирана серија со четирицилиндарски мотор во линија. Моторот ослободува 160 КС при 11.000 вртежи во минута и вртежен момент од 112 њутнметри при 9.250 вртежи. Цената при стартот на продажбата на германскиот пазар на 13-ти јуни ќе изнесува 15.200 евра.

Претходна објаваJaguar XE: Дива мачка против германските технократи
Следна објаваRenault има страст за живот: Нов слоган на Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here