за

BMW X3 почна да вози и на струја

BMW iX3 Concept

Концептот BMW iX3 ја најавува електричната верзија на BMW X3. Првиот модел со електричен погон на BMW – ако се исклучат i3 и i8, коишто припаѓаат на BMW i прв ја користи и новата, петта генерација на електричниот погон eDrive. Предноста на новиот погон е во тоа што електромоторот, менувачот и електрониката се интегрирани во една целина. Има и нови батерии, со повисок капацитет. За новиот погон, Баварците ветуваат поголем досег, пониска тежина, помалку простор и повисока флексибилност. Плус, во електромоторот повеќе не се користат ретки и скапи метали.

BMW Concept iX3  3

Електричните модели од матичната марка во иднина ќе го носат логото на BMW i. Тоа звучи збунувачки, но значи следново: Во повеќето од идните генерации на моделските серии на BMW ќе постои и варијанта со чисто електричен погон, и таа варијанта ќе го носи знакот на електричната марка BMW i.

BMW iX3 ќе биде трета погонска опција во гамата на X3, покрај верзија со мотор со внатрешно согорување, плагин-хибрид

BMW iX3 ќе му ја позајми погонската техника и на идниот BMW iNext, за когошто германската марка веќе ни соопшти дека пристига во 2021 година. Тоа е замислата во новата архитектура на возилата, којашто дозволува модели со преден, заден или со погон на сите тркала да користат заеднички компоненти во електричната погонска спрега. Идната серија 3, на пример, ќе вози во верзии со класичен мотор, со плагин-хибрид или на батерии.

BMW Concept iX3  6

Очигледно дека и постоечкиот BMW X3 е конструиран според новата архитектура, затоа што iX3 Concept е изведен директно од него. Можно е дека Баварците ќе го користат принципот на сопствениот i3 и на Tesla во поглед на батериите, односно ќе ги нудат идните електрични модели во неколку верзии со различна големина на батериите. Колку пари, толку досег.

Моментно во десет фабрики на BMW се произведуваат модели со електрифицирана погонска спрега

Сериската верзија на BMW Concept iX3 ќе се произведува во Шенјанг, Кина, во фабриката на партнерот Brilliance. Електромоторот располага со моќност од 270 КС, додека батеријата од 70 kWh испорачува енергија за преку 400 километри, според новиот и пореален циклус WLTP.

Теренците на BMW постојано добиваат пионерски улоги. Актуелниот BMW X5 xDrive40e iPerformance се појави во 2015 година како прв плагин-хибрид на BMW, додека BMW ActiveHybrid X6 во 2009 година беше прв купе-теренец со хибриден погон. Новитети има и во полнењето. Идниот електричен X3 ќе се приклучува на полначи со моќност до 150 киловати, што ќе ја наполни батеријата за само 30 минути.

Електричите модели на матичната марка ќе се разликуваат и во изгледо. „Бубрезите“ ќе бидат затворени и со сини детали, како што навести BMW i Vision Dynamics. Затворените бубрези го намалуваат и отпорот на воздух. Сината боја се повторува и во логоата, по целата должина на праговите и во дифузорот на BMW Concept iX3.

[FAG id=32015]

BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места

BMW сака сите овие предмети да ги продаде со автомобилот

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bosch нова техника за дизелот

Дизелот не го сакаме … дизелот го сакаме …

mercedes 1,6 дизел om 654

Mercedes подготвува нов 1,6-литарски дизел