BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места

bmw salon frankfurt

Баварскиот производител BMW драстично го скусува буџетот за салонот на автомобили во Франкфурт, чиешто следно издание е во септември 2019 година. На салонот којшто е познат и под кратенката ИАА, концернот BMW досега изложуваше на површина од 11.000 метри квадратни. Во иднина, површината на штандот ќе се сведува на само 3.000 метри квадратни.

Производителот веќе објави во февруари дека целосно се откажува од натамошен настап на салонот во Детроит. Повлекувањето од големиот салон на автомобили од другата страна на океанот и ограничувањето на настапот во Франкфурт се првите драстични мерки од новиот шеф на дистрибуцијата Питер Нота. Настапите на салоните на автомобили во иднина, според диктатот на Нота не смеат да чинат повеќе од 5 до шест милиони евра. Ланскиот настап на ИАА чинел дури 25 милиони евра.

BMW во иднина дава поголем нагласок на техно-манифестациите

Планот е BMW повеќе да се концентрира на кинескиот пазар, како и на манифестациите за висока технологија, како ЦЕС во Лас Вегас или светскиот конгрес за мобилна тенологија во Барцелона. Баварците планираат да ја зајакнат својата позиција како технолошки концерн и како понудувач на мобилни услуги.

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

BMW X2 на тест на АДАК Моторвелт

На автомобилџиите им се посреќи Лас Вегас

Саемот во Лас Вегас е фестивал на визионерите

Претходна објаваМисијата му е во името: Earthcruiser Explorer XPR
Следна објаваFord Focus ќе добие хибридна изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here