Ford Focus ќе добие хибридна изведба

ford focus iv

Стартот на продажбата на новиот Ford Focus во верзија со хибриден погон е потврден за април 2020 година. Погонската комбинација на таканаречениот благ хибрид ќе ја сочинуваат трицилиндарскиот бензинец од 1,0 литар и 48-волтен стартер-генератор којшто функционира и како поддршка при забрзување.

Индустријата во следните години ќе премине на масовно вградување на оваа поевтина, но сé уште доволно ефикасна варијанта на хибридниот погон. Со преоѓањето од постоечката 12-волтна на 48-волтна мрежа во возилото се отвораат и нови можности, како во системите за асистенција, така и во погонската спрега. Mercedes, на пример, ја користи „екстра“ струјата за напојување на електричниот турбокомпресор во првиот хибриден модел во гамата на AMG.

Хибридниот Ford Focus ќе има емисија на СО2 под 100 g/km; моментно тоа го постигнува само 1,5-литарскиот дизел

На европскиот пазар расте интересот за хибридниот погон, особено откако на повеќе големи пазари се најавија забрани за сообраќај со возила со дизел мотор. Покрај тоа, трошоците за регистрација на возилата во цела ЕУ се одредуваат според емисијата на СО2. Хибридната верзија на Ford Focus ќе испушта помалку од 100 грами СО2 на километар, со што ќе спаѓа во привилегираните категории возила.

Новите хибридни модели ќе ги потиснат дизелите од пазарот

Првиот техничар на Daimler: „За десет години ќе има електрични автомобили за 10.000 евра“

Audi SQ7 TDI со титула на најсилен дизелски теренец

Расте напнатоста во авто браншата: Наскоро мрежа од 48 волти

Претходна објаваBMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места
Следна објаваAudi Q8 стартуваше по социјалните мрежи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here