за

Мисијата му е во името: Earthcruiser Explorer XPR

Earthcruiser Explorer XPR

За карактерот на ова возило е доволно да се знае податокот за зафатнината на резервоарот за гориво: 800 литри! Едно запирање за долевање гориво на секои 3.500 километри. Доколку возилото се најде во ситуација да не може да го продолжи возењето, на располагање стои по еден електричен чекрек напред и назад, со влечна сила од девет тони. Во стандардната опрема спаѓаат и моторна пила и секира.

Earthcruiser Explorer XPR 2

Earthcruiser Explorer се нуди во две варијанти. Првата е XPR 440, со должина на надградбата од 4,4 метри, додека втората верзија со ознаката XPR 380 укажува дека се работи за 60 сантиметри покуса надградба. Во вториот случај, назад останува доволно место за мотоцикл.

За „резерва“ стојат на располагање ладилник и замрзнувач

Уште поимпресивен е волуменот на резервоарот за питка вода. Со 860 литри вода може безгрижно да се минат неколку денови надвор од секаква цивилизација. По нарачка, Австралијците можат да го приспособат возилото за екстремни температури, од -40 до +40 и повеќе степени Целсиузови. По малку рационален луксуз доаѓа од ладилникот од 212 литри и замрзнувачот од 68 литри.

Earthcruiser Explorer XPR 3

Посебна умешност на U 430 е префрлувањето на воланот од лево во десно за половина минута. Соодветно на правилата во земјата во којашто ќе се најдат светските пустолови, воланот и педалите едноставно лизгаат од лево кон десно и обратно. Со доплата се вградува управување на сите тркала. Во тој случај може да се изведува „кучешки од“, односно возилото може да се движи странично. Тоа значајно ја зголемува неговата флексибилност по теренот.

Петте камери ја снимаат авантурата во времетраење до 45 денови

До 140 функции во возилото може да се вршат преку таблет или паметен телефон, од проверка на притисоот во гумите, до ракување со четирите хидраулични потпирачи. Последниве се корисни и при менување гума. Испуштањето воздух од пневматиците исто така е трик што U 430 го владее. За безбедноста се грижат пет камери, коишто снимаат во времетраење до 45 денови. Секако дека овие снимки може да се покажат пред светот.

Earthсruiser ретко се појавува на продажба бидејќи нашите клиенти не гледаат соодветна алтернатива којашто ќе им овозможи да се упатат таму кадешто Earthcruiser може. Одговорот од Earthcruiser на прашањето дали има користени возила

 

За преноќување стојат на располагање двоен кревет и простор за уште две лица на „првиот кат“. Вообичаено за возило од австралиско потекло, однадвор е изведена кујна со грил на струја. Тоа што не се гледа: На покривот се поставени сончеви колектори.

На крај, се чини дека светот веќе одамна е откриен, останува само уште уживањето.

Со ова возило се поаѓа во освојување на светот

Легендата „Ото“, неговите 899.592 километри и 215-те држави

Шеснаесет работи што мора да се знаат за Land Rover Defender

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi eclipse cross, Разноликоста на СУВ-моделите

Mitsubishi ги лови фановите на Evo на шарм

bmw salon frankfurt

BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места