Спектакл во режија на BMW со последните примероци од i8

Спектакл во режија на BMW со последните примероци од i8
Спектакл во режија на BMW со последните примероци од i8

Овие 18 автомобили по триесетина години ќе вредат неколкупати повеќе отколку на ново. Тоа се последните примероци од специјалната серија со којашто BMW го заврши производството на плагин-хибридното спортско купе i8.

Последните 18 примероци од BMW i8 денес излегоа од фабриката на групациајта BMW во Лајпцих во присуство на идните сопственици. Сите возила се уникати, кои фабриката ги изработи по нарачка на клиентите. Високиот степен на индивидуализација на возилата беше и една од одликите на производствто на спортскиот автомобил од подмарката BMW i.

BMW i8 ќе остане како историско сведоштво на баварската марка, со напредниот концепт, погонската техника и со единствената комбинација од материјали, односно каербон и алуминиум. Последната серија од 18 возила се лакирани во бои што претходно не се користени во производството на моделот. Тоа беше посебен предизвик, затоа што голем дел од компонентите на каросеријата мораше да се обработуваат посебно, буквално како во мануфактура.

Уште еден предизвик за сериското производство е тоа што клиентите имаа посебни барања и за изедувањето на ентериерот, било да се работи за компоненти обложени со алкантара, или посебна боја за штеповите и финиш на украсните маски. Повеќето од клиентите се членови на BMW i8 Club International.

https://photos.app.goo.gl/SHVs9atuB13DtagW8

https://photos.app.goo.gl/8Ziya1Rs31vzcTo98

 

Претходна објаваСалонот во Женева се откажува и за 2021 година
Следна објаваPorsche Taycan ќе добие „основна“ верзија со заден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here