BMW i3 е најдобро дизајниран автомобил во светот за 2014 година

Кусо пред да почне продажбата на најзначајниот пазар за него, електричниот BMW i3 освои две светски награди на салонот во Њујорк: За најдобар дизајн и за најеколошки автомобил.

Вкупно 28 кандидати се натпреваруваа за престижните титули во рамките на изборот на светски автомобил на 2014 година. Експертско жири од петмина дизајнери избра три финалисти за генералното жири од 69 членови од 22 земји, кое го изгласа електричниот i3  на BMW за најдобро дизајниран автомобил во светот за оваа година. Во образложението на жирито стои: „Дизајнот на BMW i3 во исто време симболизира просторност и штедливост – а на прв поглед сепак се препознава како вистински BMW. Внатрешноста изгледа свежо и привлечно, речиси како во модерен стан. Ова е квантен скок во дизајнот на ентериери. Покрај тоа, дизајнерите на BMW успеаја на новата подмарка да ѝ дадат сосема независен изглед.“

BMW i3 ја освои и титулата за најеколошки автомобил во светот за 2014 година. Во оваа категорија од изборот се најдоа 14 кандидати, од кои само три доспеаја во финалето. Жирито во овој случај го кажа следното: „BMW i3 е еден од малкуте автомобили што се развиени од темел и целосно во интерес на штедливоста. Тој е радикален во изгледот, во конструкцијата и во погонот, скроен за светските мегаградови. BMW i3 поставува нови мерила во секој поглед.“ Баварците претходно ја освоија титулата на најеколошки автомобил на светот во 2008 година со BMW 118d за системот EfficientDynamics.

Баварците победија и во изборот за најеколошки автомобил во светот во 2008 година, со BMW 118d и со иновативната технологија за штедење EfficientDynamics
Баварците победија и во изборот за најеколошки автомобил во светот во 2008 година, со BMW 118d и со иновативната технологија за штедење EfficientDynamics

Претходна објаваAudi A3 е светски автомобил на годината
Следна објаваИталија ги продава владините автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here