Од фабриката во Лајпцих излезе 200-илјадитиот примерок од BMW i3. Компактниот електромобил со егзотични материјали за каросеријата наидува на растечка продажба и по седум години од стартот.
Славеничкиот примерок од првиот електричен автомобил на BMW е во посилната изведба i3s и лакиран е во флуид-црна металик боја, со детали во i-сина боја. Возилото е нарачано од клиент од Саксонија и ќе се испорача во филијалата на BMW во Лајпцих.
BMW i3 со 170 КС и BMW i3s со 184 КС се произведуваат единствено во Лајпцих за целиот светски пазар. Покрај тоа што беше пионерски чекор на Минхен во електромобилноста, i3 беше и прв сериски модел на Баварците со каросериска школка изработена од карбон. Школката се води како „Life-modul“ и се спојува со т.н. „Drive-modul“. Станува збор за алуминиумска шасија, што ги носи погонот, подвозјето и батеријата. Уште една мајсторија на BMW е тоа што изработката на i3 трае половина од вообичаеното време што е потребно за возилата со обичен погон.
Искуствата стекнати со BMW i3 понатаму се користеа за следните модели од подмарката BMW i, како и од матичната марка BMW и за Mini. Погонот од i3s се користи и во Mini Cooper SE, кој неодамна беше на тест во нашата редакција и од тоа произлезе мошне интересен материјал. Како што напредуваше технологијата, така и капацитетот на батеријата од 22,6 kWh во почетокот, денес се зголеми на 42,2 kWh. Со тоа се продолжи и досегот на 310 километри во реален циклус.
Електричниот погон на BMW моментно е во петтата генерација. Првите модели со новиот погон ќе бидат електричната купе-лимузина i4 и техно-кросоверот BMW iNext, кои стартуваат со продажба веќе в година. Групациајта до 2022 година ќе вложи вкупно 100 милиони евра во производството на батериски модули во Лајпцих.
>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

















