за

Тјунерите прават Volvo да вози побрзо од 180 km/h

Сите модели на Volvo што се произведени годинава се ограничени на 180 km/h. Еден специјалист за тјунирање на шведската марка го отстранува лимитот.

heico sportiv volvo xc60

Volvo е синоним за безбедност и тоа не е ново, туку ја следи шведската марка уште од самите почетоци. На салонот во Женева лани, Volvo предизвика бурни реакции на сцената, најавувајќи дека неговите возила ќе возат најбрзо 180 km/h. Идејата е дека на тој начин ќе се поттикне свеста за опасностите од брзото возење.

Светот не се смени драстично, откако Volvo почна да ја ограничува крајната брзина на своите автомобили на 180 километри на час. Светот на Volvo, секако. Продажбата и натаму врви одлично, имиџот е посилен од кога било досега. Возачките и возачите кои ценат дека се свесни за безбедноста и за животната средина, сега можат да побараат отстранување на брзинскиот лимит на своето Volvo.

Адресата на којашто ќе може да се направи тоа, не е на производителот, туку е на традиционалниот тјунер Heico Sportiv. Германската компанија од следниот месец ќе започне со испорака на специјален кит, што ја враќа оригиналната крајна брзина. Во зависност од моделот, се „враќаат“ меѓу 30 и 70 километри на час.

Во почетокот китот ќе биде достапен само за посилните мотори, а понатаму ќе се проширува понудата. Ценовникот почнува од 1.290 евра за моделите од серијата 40, односно за XC40, додека за моделите од поголемата серија 60 (XC60, S и V60) ќе бидат потребни 1.490 евра. За топ-моделската серија 90, со лимузината S90, комбито V90 и луксузниот СУВ-модел XC90, треба да се плати уште 1.690 евра. За изведбите со хибриден погон и за T6-моделите се потребни уште 100 евра.

>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW i3 достигна 200.000 произведени примероци

BMW i3 достигна 200.000 произведени примероци

Проверка на возилото пред да стане вистински студено

Проверка на возилото пред да стане вистински студено