Опасното возење на слепо поради замачкани стакла при ниско сонце на хоризонтот или потешкотии при стартувањето на моторот при студ се само некои од предизвиците што зимата ги поставува пред возачите. Затоа не треба да се оддолжува со проверката дали возилото е подготвено за зимата.
Пред да застуди, препорачливо е да се направи технички преглед на возилото. Проверка од стручно лице во сервисна работилница има смисла првенствено кај постарите возила. Во овој кус преглед ги наведуваме само основните проверки, повеќе како потсетување дека возилото треба подготвено да ја пречека студената сезона.
Гуми, светла и средство против мрзнење на течноста за стакла. Главните проверки може да ги изврши секоја возачка и возач, без потреба од посебни технички познавања или вештини. Минималната длабочина на зимските гуми од 4 милиметри може да се провери со обична монета. За проверка на светлата е корисно да се повика помошник. За светлата важи правилото дека колку е важно да се гледа, толку е важно и да се биде виден. Затоа не е толку неважно ако се вози со прегорена светилка или со светлосен сноп што повеќе осветлува во вис, отколку пред возилото. Дополнувањето средство што ја штити течноста за миење на стаклата од мрзнење е наједноставната процедура околу подготовката, но често се заборава на тоа.
Стручно лице во сервисна работилница може да ја провери состојобата на издувниот систем, на сопирачките и на средството против мрзнење на течноста за ладење на моторот. Издувниот систем е посебно подложен на корозија. Гумените лежишта и прстените што го држат издувниот систем стануваат порозни при студ. Доколку концентрацијата на средството за заштита од моторот е слаба, тоа во најтежок случај може да доведе до крајно оштетување на моторот.
Најчеста причина за дефект во студеното време од годината е акумулаторот. Посебно кај возила што подолго од пет години возат со истиот акумулатор, препорачливо е стручно лице да ја провери состојбата. Оваа проверка не смее да се одложува, особено ако моторот стартува тешко уште пред да стане навистина студено. Во тој случај е голема веројатноста дека акумулаторот целосно ќе откаже кога температурите ќе се спуштат дополнително.