за

BMW со најмногу штета од пожарот на бродот Fremantle Highway

Додека опожарениот брод Fremantle Highway е оденесен на безбедна локација, излегуваат нови детали околу возилата што беа превезувани со бродот. BMW е меѓу најоштетените.

Бродскиот транспортер за автомобили Fremantle Highway пред една недела го зафати пожар од уште неутврдени причини, на пат од Бремерхафен кон Сингапур.

Опожарениот транспортер за автомобили Fremantle Highway пристигна во холандското пристаниште Емсахвен. Браншата шпекулира околу новите детали за товарот што се наоѓа на бродот. Германските медиуми објавија дека концернот BMW веројатно ќе биде оштетен најмногу од бродската катастрофа.

Според гласините што почнаа да се шират во браншата, „ниска четирицифрена бројка од 3.783-те натоварени возила на Fremantle Highway му припаѓа на концернот BMW.“ Тоа би можело да бидат 1.000 до 1.500 возила уништени во пожарот.

Освен модели од матичната марка BMW, на бродот се натоварени и возила од марката Mini, но и луксузни и скапи крстосувачи од Rolls-Royce. Од Минхен не наведуваат точен број, туку само соопштија дека „не се приклучуваме во шпекулациите и можеме да потврдиме дека на бродот се наоѓаат возила од групацијата BMW.“

Од британската луксузна марка Rolls-Royce, за новинската агенција Блумберг соопштија дека на бродот се натоварени „мал број“ нивни возила. На оштетените клиенти ќе им биде испратено писмено известување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cjarphoto (@cjarphoto)

Единствено е потврдено дека на бродот се наоѓаат 350 возила од марките на Mercedes-Benz Cars. Концернот Volkswagen доцна попладнево потврди дека на бродот Fremantle Highway се наоѓаат нивни автомобили. Од Волфсбург соопштуваат дека „Во Volkswagen со големо олеснување ја примивме веста дека спасувачките сили го довезоа Fremantle Highway во Емсхавен и дека нема истечена нафта. Мошне мал дел од товарот на бродот се возила од марките на концернот Volkswagen, коишто беа наменети за пазарите на Далечниот Исток. Според наша процена, овие возила нема да може да се испорачаат. Погодените дистрибутери и нивните клиенти ќе бидат информирани, веќе се работи на изнаоѓање решенија. Сите возила се осигурени, Volkswagen нема да претрпи финансиска штета.“

Околу 800 возила воопшто не се оштетени од пожарот

По довезувањето во Емсхавен ќе се решава дали Fremantle Highway ќе се поправа или ќе се уништи целосно. Тоа е одговорност на јапонската компанија којашто го користи бродот. Во меѓувреме е направен првиот увид на бродот од страна на експертите и добиени се првите информации за состојбата на 3.783-те возила. Автомобилите што се на долната површина воопшто не се оштетени од пожарот. Станува збор за околу 800 автомобили што ќе може да им се испорачаат на клиентите.

Како што објавивме претходно, веќе е направена и првичната процена на штетата на товарот на бродот, којашто изнесува околу 330 милиони долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo Cars во јули ја зголеми продажбата за петтина

Инвеститорите бараат одговорност за бавниот старт на Fisker