Во првите седум месеци од 2023, Volvo Cars продаде 395.856 автомобили на светскиот пазар, за 18 проценти повеќе од истиот период лани.
Моделите што спаѓаат во потсемејството Recharge, каде што се вбројуваат батериски електрични и приклучни хибридни автомобили, ја зголемија продажбата речиси за двојно во споредба со ланскиот јули. Овие модели во меѓувреме учествуват со 35 проценти во вкупната продажба на возила на Volvo во светот. Чисто електричните модели имаат удел од 10 проценти.
Во Европа во јули се продадени 20.286 возила, за 28 проценти повеќе од лани. Уделот на моделите Recharge достигна дури 56 проценти од вкупната продажба на континентот. Само на батериските електрични автомобили отпаѓаат 13 проценти.
Пазарот на Volvo во САД напредуваше за 57 проценти, со вкупно 10.785 автомобили во јули. Бројот на продадени модели Recharge се зголеми за 226 проценти во споредба со лани. Од сите автомобили што Volvo Cars ги продаде на својот втор најголем пазар, 29 проценти се Recharge-модели.
Кина брои 14.182 нови автомобили Volvo во јули, што е намалување за 8 проценти во споредба со истиот месец лани. Моделите Recharge учествуваат со 8 проценти во продажбата во Кина.
View this post on Instagram
Најпродаван модел во јули беше Volvo XC60 со вкупно 18.259 примероци (2022: 16.261 примероци), по него следи компактот XC40, со продадени 14.594 возила (2022: 10.640 примероци), трет е луксузниот XC90 со 8.640 возила (2022: 7.764 примероци).
Најпродавани модели на Volvo во јули 2023
| Модел | Јули 2023 | % | 2023 |
| XC60 II | 18259 | 12.30% | 124231 |
| XC40 | 14594 | 37.20% | 114129 |
| XC90 II | 8640 | 11.30% | 60158 |
| S90 | 4152 | 3.10% | 27231 |
| S60 III | 3167 | 7.90% | 21043 |
| C40 | 1975 | 306.40% | 22256 |
| V60 II | 1700 | 39.20% | 13816 |
| V90 | 665 | 23.40% | 4229 |
| V60 CC II | 514 | 38.90% | 4694 |
| V90 CC | 499 | 18.50% | 4069 |
| S60L | 0 | – | – |
| V40 | 0 | – | – |
| Вкупно | 54165 | 21.30% | 395856 |
















