за

BMW Alpina B3 премиерно на Токио Мотор Шоу

bmw alpina b3 limuzina tokio
bmw alpina b3 limuzina tokio

Kомбито од серијата 3 на BMW во изведба на Alpina го имаше своето прво појавување пред светот на салонот во Франкфурт, во минатиот месец. Сега, на сосем друга страна на светот следи светска премиера на лимузината, BMW Alpina B3 со 462 КС и над 300 километри на час.

Единствената тјунерска куќа во светот којашто е регистрирана како производител на автомобили, Alpina Automobiles, одржува светска премиера на BMW Alpina B3 на салонот во Токио. Лимузината следи веднаш по комбито, коешто дебитираше минатиот месец, на ИАА во Франкфурт.

Линискиот шестцилиндарец од 3,0 литри со посебно битурбо-натполнење во изведба на Alpina постигнува 462 КС и максимален вртежен момент од 700 њутнметри уште од 3.000 вртежи. Посебноста на тјунирањето на Alpina е во џентлменскиот карактер што го добиваат возилата по третманот во местото Бухле, во Баварија. Место во брутално ослободување на моќноста, тука едноставно се ужива во изобилството на моќта што „не може“ да се исцрпи.

Улогата на BMW Alpina е да се направи „повеќе BMW од BMW“, но во малку поразлична насока од тоа што го прави M GmbH

Автоматскиот менувач со осум степени од ZF (8HP76) е дотеран посебно за комбинацијата меѓу возен комфор и спортска динамика што е одлика на Alpina. Погонот е на сите тркала. На тоа се надоврзува посебно дотерано подвозје, сопирачки Alpina, блокада на диференцијал како стандард и секако, бандажи од 19 инчи, исто така стандард. Баварците се особено горди и на изработката на кабината, како и на излегувањето во пресрет на сите желби за изработка по посебна нарачка.

Крајната брзина на лимузинската BMW Alpina B3 изнесува 303 километри на час, три повеќе од комбито. Тркачкиот старт првпат е предвиден да функционира до 200 km/h. Спринтот до темпо сто трае 3,8 секунди.

https://www.instagram.com/p/B39OL6snUop/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LF-30 токио мотор шоу

Lexus LF-30 или зошто Јапонците не мислат да се откажат од авто-салоните

Mitsubishi MI-Tech Concept Tokyo

Mitsubishi MI-Tech со гасна турбина како генератор и свртување во место