за

„Новиот“ BMW 740i од 1997 година надмина 130.000 евра

„Новиот“ BMW 740i од 1997 година надмина 130.000 евра
„Новиот“ BMW 740i од 1997 година надмина 130.000 евра

Веста не можеше да мине поинаку, освен како сензација. BMW од серијата 7 произведен пред повеќе од дваесет години, чуван во воздушна капсула, се нуди за продажба за најдобриот наддавач. Остануваат уште два дена, цената може да порасне драстично.

Во светот досега не постоел таков случај. Лимузина од серијата 7 на BMW, произведена во 1997 година, се нуди на Ebay – со 225 километри и чувана во воздушна капсула сите години досега. Овој бесценет колекционерски автомобил се наоѓа во Полска, во местото Гоголин Сласки. Плаќањето може да биде само во готовина или со трансакција од сметка. 

Лимузината од генерацијата E38 првпат е регистрирана на 24-ти септември 1997 година и поседува електрично местење на седиштата, автоматска клима, кожен ентериер, паркинг сензори и грејачи во седиштата.

Во огласот се наведува дека лимузината со осумцилиндарски 286 КС е регистрирана на дама родена во 1927 година, којашто поради болест повеќе не била во состојба да го користи престижниот BMW. Возилото нема ниту една гребаница, вдлабнатина или трага од корозија и истото е возено само поради обновување на регистрацијата, на секои две години, во периодот меѓу 2000-та и 2006-та година.

Наддавањето на Ebay завршува во вторник, во 21:46 часот. Досега пристигнале 187 понуди, највисоката е 133.400 евра. Повеќе од 7.000 заинтересирани лица ги следат понудите. Цената е мошне веројатно дека ќе се смени, таа лесно може да порасне повеќекратно.

Врска до огласот на Ebay:

https://www.ebay.com/itm/BMW-740i-E38-NEUWAGEN-/283822959564

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi eK Wagon автомобил на годината во јапонија 2020

Mitsubishi eK е актуелниот автомобил на годината во Јапонија

Suzuki подготвува верзија на Jimny со пет врати

Suzuki подготвува верзија на Jimny со пет врати