BMW ќе произведува во Бразил

Во следната есен ќе стартува со работа новата фабрика на BMW во Бразил. Планирано е таму да се произведуваат сериите 1 и 3, теренците X1 и X3, како и Mini Countryman.

Со вообичаеното фрлање на првата лопата, BMW денес го одбележа почетокот на изградбата на фабриката во Араквари во сојузната држава Санта Катарина. Фабриката се очекува да почне со работа во следната есен и ќе се состои од изработка на каросерии, лакирница и завршна монтажа на возила. Ова е прва фабрика на концернот BMW во Јужна Америка. BMW уште пред четири години почна со производство на мотоцикли во Бразил, а сега следуваат и автомобилите.

Вкупната инвестиција во следните години ќе достигне повеќе од 200 милиони евра. Се планира годишно да се произведуваат до 30.000 возила. Во новиот погон ќе се отворат околу 1.300 работни места. Производствената програма ќе ги опфати моделите Mini Countryman, верзијата со 5 врати од серијата 1 и лимузината од серијата 3, како и теренците X1 и X3.

Претходна објаваНова класа С на Mercedes: Со витамин Ц против Audi и BMW
Следна објаваГрчкиот екс-министер за сообраќај притворен со фалсификувани таблички

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here