Во фабриката на BMW во Лајпциг стартуваше сериското производство на M2 Coupe. Спортската круна на серијата 2 се произведува на заедничка лента со стандардните верзии на купето и кабриолетот од серијата, со ванот Active Tourer и со верзијата со 5 врати од серијата 1. BMW M2 Coupe го наследува 1 M Coupe, кој исто така се произведуваше во фабриката во Лајпциг во 2011 и 2012 година и наиде на фантастичен успех на пазарот.
Комплетниот производствен волумен во фабриката моментно изнесува 750 возила дневно во класична продукција. На тоа се надоврзуваат уште по 100 примероци од електричниот автомобил i3 и уште 20 примероци од спортскиот хибрид i8 на дневно ниво. Фабриката во Лајпциг е единтвена производствена локација во групацијата BMW, во која што заедно се произведуваат возила од матичната марка BMW, од подмарката BMW i, како и спортските модели М.
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Киа Ексид 1.6 Референс · Тест · Малку луксуз не е вишок
- Рено ќе вложи 10 милијарди евра за да произведува евтини електрични автомобили во Франција
- „Рејнџ Роверот од Тему“ пак е најпродаван автомобил во Британија
- Шкода Октавија стартува со обичен хибриден погон
- Фолксваген го засилува производството во Северна Америка
- Тојота ќе гради фабрика за електрични автомобили во Аргентина за да им парира на Кинезите
















