за

BMW со профит од 1,3 милијарда евра

Марката со сино белиот знак забележа промет од 17,5 милијарди евра во првиот квартал и заработи 1,3 милијарда евра.

Прометот и заработката во првиот квартал се за 4,1, односно 3,0 проценти под ланскиот квартал, но оперативниот резултат со 2,04 милијарди евра е втор најдобар во историјата за првите три месеци од годината. Продажбата на возила забележа раст од 5,3 проценти, односно продадени се вкупно 448.200 автомобили од марките BMW, Mini и Rolls-Royce. Пораст забележа и продажбата на мотоцикли, со 1,5 процент, односно 24.732 возила.

Концернот BMW продава одлично во сите региони. Во Европа се продадени 207.243 автомобили (+3,1%), во Америка 96.488 (+5,0%) и во Азија 130.219 возила (+9,5%). Истовремено се зголемува и работниот персонал. На 31-ви март, за концернот работеле вкупно 106.470 лица, односно 5.210 повеќе отколку на крајот на првиот квартал во 2012 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

100 години автомобили од подвижна лента

Mazzanti е новата суперспортска марка од Италија