BMW Мотоцикли со рекордна продажба лани

Најпродаван модел е R 1200 GS со учество во продажбата од една третина

Германските мотоцикли четири години по ред бележат рекорди. Лани се продадени 123.495 мотоцикли на BMW, а најпродаван е R 1200 GS – секој трет мотоцикл е од овој модел.

BMW Мотоцикли и лани продаде повеќе возила отколку во претходната година. Тоа е веќе четврта година по ред. Рекордот од лани изнесува 123.495 мотоцикли, наспроти 115.215 во 2013 година. Германија и натаму е најголем единечен пазар за сино-белата марка, со 21.714 возила, односно една петина од продажбата. Како лидер на домашниот пазар, BMW неприкосновено држи 25 проценти од пазарот. Втори се САД со 15.301 мотоцикли (+8,5%), а потоа следат Франција (11.600) и Италија (10.487). На петтото место и натаму е Бразил, со 7.603 мотоцикли. Освен во Германија, BMW е пазарен лидер и во Италија и Шпанија, во сегментот над 500 сантиметри кубни.

BMW R nineT се проби на четвртото место на најпродавани модели на марката, во првата полна година на пазарот
BMW R nineT се проби на четвртото место на најпродавани модели на марката, во првата полна година на пазарот

Лани BMW лансираше дури пет нови модели, меѓу кои најмногу се докажа R nineT, искачувајќи се веднаш на четвртото место на најпродавани модели на марката. Електричниот макси-скутер BMW C evolution исто така е значаен новитет, како составен дел од стратегијата за електрични возила на ниво на целиот концерн. По стартот во мај, од електроскутерот се продадоа близу 550 примероци.

Најпродаван модел со преку 40.000 примероци е R 1200 GS (24.380) – вклучувајќи ја моделската изведба R 1200 GS Adventure (16.242). На третото место е BMW R 1200 RT со 12.140 примероци, R nineT е четврти со 8.488 примероци. Со заедничка продажба од преку 11.000 мотоцикли, S 1000 R и S 1000 RR исто така постигнаа впечатлив успех. Следат моделите од средната класа F 800 GS/GS Adventure (7.040/4.278) и F 700 GS (6.499), како и F 800 R (3.953) и F 800 GT (3.901). Макси скутерите C 650 GT и C 600 Sport постигнаа 6.391 примероци.

Напролет следува новиот BMW S 1000 RR, со зголемена моќност и тежина намалена за 4 килограми, а потоа и новите „боксери“ R 1200 R и R 1200 RS. Ново издание следува и од F 800 R. Како четврта изведба во семејството на моќни спортски машини со четирицилиндарски мотори следува S 1000 XR, којшто ги обединува квалитетите на моделите GS, Touring и Sport, во новата сорта Adventure Sport.

Претходна објаваОва е најлуксузниот салон за автомобили во светот
Следна објаваOpel Astra назад во сервис: Опасност од пожар во моторот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here