за

BMW е најдобра марка според клубот АДАК

Германците не веруваат, туку проверуваат. Според клубот АДАК, најдобра марка e BMW, за влакно пред Audi и претходно првопласираниот Mercedes. Разликите се сепак маргинални.

Најголемиот клуб на возачи во Европа ги оценува имиџот и продажбата на производителите на возила што се застапени во Германија уште од 2001 година. Оцената произлегува од повеќе критериуми, меѓу кои имиџ, продажба, задоволство на клиентите, квалитетот на моделите, односот кон животната средина и безбедноста.

Меѓу десетте најдобро пласирани марки се случија повеќе промени во споредба со последната студија од пред половина година. Porsche и Lexus се подобрија, додека Skoda и Subari паднаа неколку места. Единствена нова марка во топ 10 е Jaguar. Британската марка профитираше најмногу од промената во оценувањето. Место да се користат фабричките податоци за емисијата на СО2, клубот сега ја зема во предвид реалната потрошувачка што е постигната на еко тестот на АДАК. Меѓу десетте најдобри марки повеќе не е Toyota, поради влезот на Jaguar. Таа сега е на 12-то место.

Поради растот на продажбата, марката Jeep за прв пат се најде на списокот на најдобри марки. Но, американската марка специјализирана за теренски возила за жал се најде само на последното место на списокот. Според клубот, „добрите продажни резултати се недоволни за висок пласман на листата на најдобри марки.“

Најдобри марки според клубот АДАК
Место Марка Крајна оцена (2012)
1 BMW 1,87 3
2 Audi 1,88 2
3 Mercedes 1,89 1
4 VW 2,15 4
5 Lexus 2,24 7
6 Porsche 2,34 10
7 Volvo 2,55 5
8 Jaguar 2,58 23
9 Skoda 2,59 6
10 Subaru 2,67 9
11 Mini 2,68 19
12 Ford 2,73 14
13 Toyota 2,73 8
14 Mazda 2,84 16
15 Honda 2,86 11
16 Opel 2,92 13
17 Seat 2,98 12
18 Mitsubishi 3,00 15
19 Hyundai 3,08 17
20 Kia 3,13 18
21 Nissan 3,23 20
22 Peugeot 3,24 24
23 Alfa Romeo 3,25 26
24 Citroen 3,26 20
25 Renault 3,27 20
26 Smart 3,42 25
27 Land Rover 3,47 26
28 Suzuki 3,48 26
29 Dacia 3,54 32
30 Fiat 3,64 30
31 Chevrolet 3,76 31
32 Lancia 3,77 26
33 Jeep 3,82

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Octavia e подобар избор од Volkswagen Golf?

MINI по стапките на основачот на Lonely Planet