BMW го задржува лидерството, Mercedes го намалува заостатокот

Марката BMW во октомври забележа раст во продажбата од 6,3 проценти, но предноста пред конкурентот Mercedes и натаму се стеснува. Разликата до октомври изнесува само 29.000 возила.

Растот во продажбата на марката BMW и натаму заостанува зад оној што го бележи ривалот Mercedes. Баварската марка во октомври продаде 164.915 автомобили или 5,3 проценти повеќе возила отколку во истиот месец лани, додека конкурентот Mercedes ја зголеми октомвриската продажба за дури 10,1 проценти, со 155.189 возила. Продолжува да се намалува предноста на BMW, кој веќе со години е најголем производител на автомобили од премиум сегментот, но во последниот период му е загрозена првата позиција, откако марката од Штутгарт постигна значително зголемување во продажбата. Во првите десет месеци од 2015 година, BMW има продадено вкупно 1,56 милион возила, додека Mercedes заостанува со само 29.000 автомобили.

 

Претходна објаваЗлатен волан за Audi, BMW, Hyundai и Opel
Следна објаваSkoda Octavia RS 2.0 TDI првпат со погон на сите тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here