за

Beetle Dune го враќа духот на „песочното баги“

Марката Volkswagen се поврзува со разумни модели. Отстапувањата од стандардното се ретки. Дотолку е повеќе симпатично кога под знакот на VW ќе излезе варијација како Beetle Dune, особено како кабриолет.

Багито се врати. Но, не како евтин автомобил за забава по плажа, по пример на багито од 1960-те и 1970-те години, туку како „lifestyle“ автомобил за купувачи што можат да си дозволат екстра. Барем во ефектот на забавата не се сменило ништо. Volkswagen го нуди Beetle како кросовер во стил на легендарното песочно баги, во купе и кабриолет изведба, со додавка Dune и соодветна доплата во споредба со стандардниот модел.

Додатоците во каросеријата и големите тркала прават кросоверот да изгледа веродостојно на оригиналот. Посебно за Dune е изведена нијансата „жолта како песочна бура, металик“. По Растојанието од подлогата е зголемено за 10 милиметри, со што дополнително се нагласуваат проширените крила и прагови, бандажите од 18 инчи, специјалните браници со заштита оздола и облогата по праговите.

Внатрешноста исто така го следи стилот на оригнална „бубата“, а помалку спартанскиот стил на багито. Површините во кокпитот се лакирани, преградата пред совозачот е во класичен стил, со доплата се добиваат дополнителни инструменти врз арматурната табла, за спортска нота. Во изведувањето на кабината солидно се ангажирале стилистите и дизајнерите на Volkswagen, со привлечни комбинации од бои и материјали.

На располагање стојат три бензинци и два дизела: TSI со 105, 150 и 220 КС, како и TDI со 110 и 150 КС. Со исклучок на најслабиот бензинец, сите може да се комбинираат со менувач со двојна спојка.

[FAG id=24563]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Макпетрол се залага за метанот како ново алтернативно гориво во Македонија

Moto Guzzi за почесната гарда на италијанскиот претседател